Интервју со Кевин Бери, автор на книгата „Градот Бохејн“

„Мислам дека сите романи за иднината, во некоја смисла, се проекција на сегашноста. Но, тоа може да биде и паралелен универзум на ирски град во средината на 2050-тите. Мал и луд ирски град, на западното крајбрежје на Ирска. Луѓето велат дека изгледа како многу незгодно, опасно и страшно место, но јас би сакал да отидам таму, во градот Бохејн. Мене ми се чини како многу забавно место.“

Погледнете го интервјуто со Кевин Бери (Ирска), автор на книгата „Градот Бохејн“ и добитник на Наградата за литература на Европската Унија.