Category Archives: Новости

„Аматер“ на Жан Бак промовиран на Саемот на книга 2017

Издавачката куќа „Арс Ламина“, како и досега, се претстави со низа нови наслови, но и со многу промоции и специјални гости, како домашни, така и странски.

Гостин на саемот оваа година беше и Жан Бак (Луксембург), автор на романот „Аматер“, дел од едицијата „Прошетка низ Европа“. Жан Бак е добитник на Европската награда за литература, за романот „Аматер“. Промоцијата на „Аматер“се одржи во четврток, на 7 април во 13 часот.

Промоција на книгата „Кратка теорија за патувањето и пустината“

На 17 април 2016 година, на Саемот на книгата, на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина Публикации“, беше промовирана првата од петте книги од едицијата „Прошетка низ Европа“, проект кофинансиран од Програмата „Креативна Европа на Европската унија“.kratka-teorija-600x310-1Станува збор за превод на делото „Кратка теорија за патувањето и пустината“, добитник на престижната Награда за литература на Европската унија, од шпанскиот автор Кристијан Крусат.

Преводот е дело на Ристовска Марија, дипломиран филолог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, додека корицата е креација на Катерина Трајановска, еден од победниците на Конкурсот за дизајн на корица за оваа едиција, што беше спроведен во март оваа година.

Избрани победниците на конкурсот за дизајн „Прошетка низ Европа“

Петте романи од едицијата „Прошетка низ Европа“ добија свои дизајнери на „Конкурсот за дизајн на корица“, кои ликовно-графички ќе го обликуваат кориците на овие романи.

Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ избра пет наградувани литературни дела со Наградата за литература на Европската унија (European Union Prize for Literature) од различни европски автори и ја создаде едицијата „Прошетка низ Европа“ за која распиша „Конкурс за дизајн на корица“ за изработка на предлог-дизајн корици за овие романи.

Конкурсот траеше еден месец и беше отворен за студентите од сите факултети и од сите области кои сакаат да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото. На него се пријавија 28 студенти кои аплицираа со едно или повеќе решенија за понудените романи, а пристигнаа 85 оригинални идејно-графички решенија за корици за петте романи од едицијата „Прошетка низ Европа“.

Победници на „Конкурсот за дизајн на корица“ се Катерина Трајановска, Ангела Симоновска, Прокопие Ќаев и Александра Новеска.

amater-1kratka-teorija-za-patuvanjeto-i-pustinata-1cuvarotgradot-bohannajmaliot-otpor-1

Наградниот фонд за овој конкурс изнесува 30.000 денари, а авторите на наградените креативни решенија, покрај објавувањето на корицата на некој од романите од едицијата, добиваат и парична награда.

Делата од eдицијата „Прошетка низ Европа“ се всушност прошетка низ приказни, искуства и вредности на современиот европски граѓанин и има цел да го одведе читателот на книжевно патување низ различните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Креативна Европа“, поддржан од EACEA (Едукативна, аудиовизуелна и културна извршна агенција) при Европската комисија за литературни преводи на европски автори на македонски јазик. Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина публикации“ го објави „Конкурсот за дизајн на корица“ за изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото.

Конкурс за дизајн на корици за романи од едицијата „Прошетка низ Европа“

Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ ги поканува креативните студенти да достават предлог-дизајн корици за 5 романи од едицијата „Прошетка низ Европа“.

Оваа едиција вклучува романи на современи европски автори и има цел да го одведе читателот на книжевно патешествие низ различните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Креативна Европа“, поддржан од EACEA (Едукативна, аудиовизуелна и културна извршна агенција) при Европската комисија за литературни преводи на европски автори на македонски јазик. Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина публикации“ ги поканува и студентите од сите факултети и од сите области да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото.

Заинтересираните студенти можат да аплицираат со едно или повеќе решенија за корици, за еден или повеќе романи од петте понудени. Информации за романите, авторите и воопшто за проектот, како и приказ на кориците на досега објавените книги во едицијата, можат да се најдат во останатите категории од оваа веб-страница.

Решенијата во .jpg или .png формат, заедно со кратка биографија на кандидатот, треба да бидат испратени на publishing@arslamina.com, со назнака „Конкурс за дизајн на корица“, најдоцна до 01 март 2016 година.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 20 март 2016 година. Вкупниот награден фонд за победничките решенија изнесува 30.000 денари.

Правила за учество

Секој пријавен кандидат треба да е државјанин на Република Македонија, да биде студент и со поднесувањето на пријавата се смета дека ги прифаќа следниве услови за учество:

  • Арс Ламина има право да ги изложува на јавни настани креативните решенија поднесени од сите кандидати, со цел популаризирање на креативноста и на самиот проект. Арс Ламина се обврзува при изложувањето да го означи името на кандидатот кој го изработил решението. Кандидатот го задржува авторското право врз идејното решение.
  • Кандидатот чие креативно решение ќе биде наградено ги отстапува сите авторски права на Арс Ламина доколку Арс Ламина се одлучи да го објави како корица на некој од романите од едицијата, за што кандидатот и Арс Ламина ќе склучат договор.
  • Секој кандидат гарантира за оргиналноста на идејното/графичкото решение и ја презема целосната материјална и нематеријална одговорност за истото.
  • Еден кандидат може да поднесе едно или повеќе решенија, за еден или повеќе романи од петте понудени. Доколку повеќе кандидати го работат решението, еден од нив треба да биде назначен за носител на проектот.

Дизајнерска задача

  • Целосно изработено креативно решение – дизајн на корицата на еден или повеќе од понудените пет романи, по избор на кандидатот.
  • Решението треба да биде оригинално авторско дело на кандидатот.
  • Решението треба да биде изработено наменски за проектот и досега да не е користено за никаква друга намена.
  • Заедно со решението/решенијата, кандидатот треба да достави и своја кратка биографија.

Насоки за доставување на предлозите

  • Формат на романите: 145 х 205 mm
  • Креативно решение: .jpg или .png
  • Корицата треба да ги содржи логоата Арс Либрис, Литература.мк како и логото на едицијата „Прошетка низ Европа“, кои можат да се преземат тука.
  • Предложените креативни решенија се доставуваат електронски на publishing@arslamina.com, најдоцна до 01 март 2016 година.