Кратка биографија на преведувачот на делото Најмал отпор
Лара Крстева-Ичокаева е родена во 1971 година во Скопје. Завршила гимназија во Еснес, Данска. Дипломирала германски и француски јазик и литература во Загреб, Хрватска. Магистрирала во Женева, Швајцарија, на тема од современата француска литература. Магистер е и од областа на деловното право. Работи како раководител на Германската стопанска комора во Република Македонија. Преведува од дански, германски, француски, српски и хрватски јазик.