На 17 април 2016 година, на Саемот на книгата, на штандот на издавачката куќа „Арс Ламина Публикации“, беше промовирана првата од петте книги од едицијата „Прошетка низ Европа“, проект кофинансиран од Програмата „Креативна Европа на Европската унија“.Станува збор за превод на делото „Кратка теорија за патувањето и пустината“, добитник на престижната Награда за литература на Европската унија, од шпанскиот автор Кристијан Крусат.
Преводот е дело на Ристовска Марија, дипломиран филолог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, додека корицата е креација на Катерина Трајановска, еден од победниците на Конкурсот за дизајн на корица за оваа едиција, што беше спроведен во март оваа година.