Кратка биографија на преведувачот на делото Кратка теорија за патувањето и пустината
Марија Ристовска (1987), дипломиран преведувач на катедрата за англиски јазик и книжевност и катедрата за романски јазици (шпански јазик и книжевност) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, 2010 година.
Се стекнала со диплома по шпански јазик како странски јазик (DELE) B2+ од Институтот „Сервантес“ во Мадрид, 2010 година.
Работи како управител во сопствено друштво за преведувачки услуги – „НОРША дооел“, Скопје. Преведува книжевни дела од англиски и шпански јазик на македонски јазик и обратно, како и судски и стручни преводи.
Го превела делото Балкони од Амадо Нерво од шпански јазик со помош на Програмата за поддршка на превод (ПРОТРАД) на институциите за култура на Мексико, првпат од Македонија, 2015 година.
Го превела делото Легенди од Густаво Адолфо Бекер од шпански јазик со поддршка на Министерство за образование, култура и спорт на Кралството Шпанија, исто така првпат од Македонија, 2016 година.
Моментално активно го изучува кинескиот јазик.