Избрани победниците на конкурсот за дизајн „Прошетка низ Европа“

Петте романи од едицијата „Прошетка низ Европа“ добија свои дизајнери на „Конкурсот за дизајн на корица“, кои ликовно-графички ќе го обликуваат кориците на овие романи.

Издавачката куќа „Арс Ламина публикации“ избра пет наградувани литературни дела со Наградата за литература на Европската унија (European Union Prize for Literature) од различни европски автори и ја создаде едицијата „Прошетка низ Европа“ за која распиша „Конкурс за дизајн на корица“ за изработка на предлог-дизајн корици за овие романи.

Конкурсот траеше еден месец и беше отворен за студентите од сите факултети и од сите области кои сакаат да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото. На него се пријавија 28 студенти кои аплицираа со едно или повеќе решенија за понудените романи, а пристигнаа 85 оригинални идејно-графички решенија за корици за петте романи од едицијата „Прошетка низ Европа“.

Победници на „Конкурсот за дизајн на корица“ се Катерина Трајановска, Ангела Симоновска, Прокопие Ќаев и Александра Новеска.

amater-1kratka-teorija-za-patuvanjeto-i-pustinata-1cuvarotgradot-bohannajmaliot-otpor-1

Наградниот фонд за овој конкурс изнесува 30.000 денари, а авторите на наградените креативни решенија, покрај објавувањето на корицата на некој од романите од едицијата, добиваат и парична награда.

Делата од eдицијата „Прошетка низ Европа“ се всушност прошетка низ приказни, искуства и вредности на современиот европски граѓанин и има цел да го одведе читателот на книжевно патување низ различните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Креативна Европа“, поддржан од EACEA (Едукативна, аудиовизуелна и културна извршна агенција) при Европската комисија за литературни преводи на европски автори на македонски јазик. Како дел од мисијата на овој проект, „Арс Ламина публикации“ го објави „Конкурсот за дизајн на корица“ за изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото.

1 thought on “Избрани победниците на конкурсот за дизајн „Прошетка низ Европа“

Comments are closed.